Одлучив тој да биде едноставен, исто така како што е едноставен нашиот живот… Сите алатки се дадени транспарентно, само треба да ги применуваме, ах таа примена…
Доколку го прочитате, ќе имате свое мислење за тоа дали вам ќе ве поттикне на трансформација и дали за вас ќе бидат прифатливи алатките кои се понудени. До тогаш, еве ги изјавите на неколкумина од оние кои го прочитаа:
Ивана: Никогаш не велам дека нешто знам, не ми е потребно, затоа што ако во некој животен сегмент не е имплементирано значи дека тоа што знам не е исто со тоа како живеам.За мене тоа да живееш како пример е единствено мерило за мудрост. Па така овој производ на Тања Брковска е чисто мерило за мудрост, затоа што таа ги живее сите сегменти а за нас читателите ги има срочено така едноставно а длабоко, да допре до срцевината на нашето постоење и да разбуричка во подрумот со стари работи од кои некои треба целосно да се фрлат, отпуштат, заменат, лекуваат, исплачат, прегрнат и обвијат со љубов… Како и за се во животот, вежбите треба да се сработат за да можат да вродат со плод. Само ние тоа можеме да го направиме за себе. Бура од емоции, но драго ми е што се тука баш сите, затоа што знам дека со секое освестување станувам помудра…
Мирко: Паа многу добро. Но… кога ќе ставиш премногу добро на едно место тогаш не е добро. Ова што е тука напишано е материјал за најмалку три книги, бидејќи, покрај тоа што е многу добро објаснето, треба време за да се направат вежбите… Овде има толку многу вредни работи дадени на едно место, соџвакани, без да се мачиме да прочитаме барем десет книги да добиеме само дел од ова.Старо правило е: литература од овој вид да се прочита најмалку 9 пати.
Лили: Ја прочитав во еден здив, здив што те прави жив, здив без кој не можеш, здив што те буди, здив во кој стануваш свесен зошто си жив,
Кика: Каква силна едноставност! Која е возможна само и само од сериозно искуство! Тања ја вика прирачник ама јас ќе ја наречам работна тетратка каква одамна не сум фатила во рака. Место каде се прашања и линии за нашите одговори. Ми одврза мисла, ме насмеа од вистина, ме насмеа од мака, ме врати во некои солзи, ме израдува, ме растрепери, ми крена мотив, ме замисли… како сево ова и успеа да ми го направи во 80 страни? Ме натера да се погледнам во огледало. Таму ја видов “семката” која сакам да бидам. Најдов што и фали на семкава и знам дека затоа баш сега се појави мојата добра вила.
И ќе ви ја откријам пораката која ја носи овој прирачник : ДА ГИ ИСПОЛНИМЕ ГОДИНИТЕ СО ЖИВОТ, НЕ ЖИВОТОТ СО ГОДИНИ!